Blog

Церемонија за доделување на сертификати на студентите од проектот People First

На 6ти февруари 2018 година, во 14 часот во хотелот Tirana International се одржа церемонија за доделување на сертификати на најдобрите 100 студенти од Туристичката академија, од проектот  “People First”, овозможено од The HeadHunter, Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID) и Амбасадата на Шведска во Албанија.

Проектот „People First – развој на туризмот преку квалификувани човечки ресурси“ е пристап фокусиран на човечките ресурси за стимулирање на квалификацијата, растот на работните места и вработувањето во туристичкиот сектор во Албанија. The HeadHunter е приватен бизнис кој помага во поврзување на Албанците со работните места во туризмот, преку кариерно советување и поставување на младите. Околу 2000 млади луѓе ќе бидат обучени, ќе имаат пракса и ќе бидат вработени во разни професии, во бизнисите за угостителство и туризам во Албанија, во текот на 2 годишниот период на имплементација на Проектот.

Проектот создаде партнерства помеѓу студентите-потенцијалните вработени, центрите за стручна обука и угостителско-туристичкиот бизнис, а со тоа воспостави патеки за потенцијалните вработени – особено младите и жените – да стекнат вештини и да влезат во работната сила. Овој проект е фокусиран на 5 во пет туристички точки во Албанија: Тирана, Јужната Ривиера, коридорот Драч-Каваја, Скадарско-Албанските Алпи и регионот Корча, вклучувајќи го и Охридското Езеро, Поградец и Воскопја.

Исто така, The HeadHunter ја создаде „Академијата за туризам“ во хотелот „HH Boutique“, лоцирана во туристичкото место Дерми, за да служи за целите на Проектот. „HH Boutique“ работи како вистински хотел и ресторан, но персоналот е составен од млади практиканти кои ја спроведуваат својата пракса таму.

Амбасадорот на САД во Албанија, Неговата Екселенција, г-дин Доналд Лу и амбасадорот на Шведска во Албанија, Неговата Екселенција, г-дин Јохан Ндиси, го поддржаа овој настан и учествуваа на него, а исто така и високи претставници од државата, како: г-ѓа Линдита Николла -  Министерот за образование, спорт и млади, г-дин Арбен Ахметај - Министер за  финансии и економија и меѓународни власти, беа присутни во активноста. Исто така, беа присутни голем број на локални медиуми за да ја пренесат активноста.

Г-дин Елтон Илирјани, основач и извршен директор на The HeadHunter Group, ја започна активноста со упатување на благодарност до учесниците, донаторите, студентите и угостителско-туристичкиот бизнис низ цела Албанија, кои го поддржуваат Проектот; г-дин Доналд Лу, г-дин Јохан Ндиси, г-ѓата Линдита Николла и г-дин Арбен Ахметај, кои по честитањето на досегашните достигнувања на Проектот, ги доделија сертификатите на најдобрите студенти. Директорот на проектот, г-дин Бесарт Конди, исто така додели сертификати на некои од најдобрите студенти.

 

Активноста беше завршена со коктел, на кој учествуваа сите поканети.